
Не велиме дека е лесно и дека треба да му простите. Она што треба да го направите е да седнете и добро да размислите дали е доволно вреден да му дадете уште една шанса.
Ако се одлучите дека сакате да пробате уште еднаш, следете ги следниве чекори…
Направете пауза…поголемиот дел од времето ќе ве “прогонуваат“ слики од неговото неверство, а ако земете пауза од врската и се што е поврзано со неа, ќе успеете детално да размислите за се.
Согледајте ја моменталната ситуација…окупирајте ги своите мисли со прашања, кои би можеле да ви помогнат да ја донесете вистинската одлука.
Дали вашата врска е вредна за спасување? Дали тој искрено се покајал за тоа што го направил? Ако одговорите се “да“, тогаш вреди да се обидете.
Донесете одлука…важно е само да бидете 100% сигурна во одлуката пред да го известите што сакате понатаму. На почетокот ќе биде тешко и ќе се сомневате, но времето може да ги излечи раните.
Разговарајте со него…запишете ги сите прашања кои сакате да му ги поставите и детално зборувајте за целата ситуација. Обидете се да ги сфатите неговите причини за тоа што го направил, но немојте да му префрлате. Сослушајте го и ако можете да разговарате ок е, ако не значи дека не сте подготвена за тоа.
Работете заедно на решавање на проблемите…морате да се потрудите и двајцата инаку нема да успеете. Ако парот може да прејде преку изневерувањето и да го врати односот тогаш од тоа ќе излезе посилен од било кога.
Имајте на ум дека тоа е долготраен процес…запомнете дека ова нема да биде лесно но можете да излезете како победници ако сте трпеливи еден кон друг. Љубовта е избор, а вие одбравте да се борите за својата.