Претпоставувате за кого станува збор?
Кога ќе дојде до тоа се да треба да се држи под контрола, Вагата ја превзема главната улога…Таа е мирољубива и правична, а најмалку од се сака да биде сама.
Партнерството е од огромно значење за Вагата, особено она на лично ниво.
Но со својот победнички менталитет и кооперативност тие не се склони долго време да бидат сами.
Вагата е воздушен знак со изразен интелект и силен ум. Во нејзината природа е да е инспирирана од интересни книги, несовладливи дискусии и занимливи луѓе кои успеваат да и ја растераат здодевноста.
Владеачката планета на Вагата е љубител на убави нешта – Венера па затоа квалитетот за Вагата е многу поважен од квантитетот.
Дамите во овој хороскопски знак се опкружени со уметност, музика и убави места за да можат да го достигнат својот потенцијал. Бидејќи по природа се кооперативни, често работат со други на креативно проекти.
Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата. Често се личности кои ја ценат рамноправноста и не поднесуваат неправда и прават се да ја снема. Не се склони да се конфронтираат без причина и сакаат да го чуваат својот мир.
Најголем проблем за Вагата е кога е принудена да бира страна. Понекогаш поминуваат премногу време во спознавање и аргументација на секоја страна па забораваат да имаат свое мислење.
Тие се расплинуваат во својата неодлучност и не ретко можат да “полудат“ кога донесуваат одлуки.