Германците бараат работници, плата до 6.500 ЕУР

popara25 април, 20161min00
1

Германскиот гигант Kontech GmbH бара работници кои ќе одржуваат машини, со задолжително познавање германски јазик, а платата е од 3.500 до 6.500 евра.

Kontech GmbH е компанија основана 1997 година, се занима во машинство, електротехника, индустриски погони, развој на софтвер и развој на хардвер, и претставува една од најмоќните компании од овој вид во Јужна Германија.

Компанијата моментално бара работници за одржување на машини, а на огласот може да се јават исклучиво инжинери за машинство, електротехничари и слични професии кои имаат поврзаност со изградба и прилагодување на машини.

Задолжителен услов е добро познавање на германски јазик, работно искуство од барем две години и завршено факултетско образование од наведените области.

Компанијата нуди здравствено осигурување, пензиско осигурување, сместување, платен годишен одмор со бонус, како и додатоци на плата, пренесе Б92.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag