Корисниците на Ајфон телефони се предупредени да не отвораат пораки кои наизглед доаѓаат од компанијата и ги известуваат корисниците дека истекол нивниот ID.
Се работи за нова верзија на стара измама која за цел има да ги намами корисниците да кликнат на линкот и да ги впишат податоците, како име и лозинка.
Што е уште полошо, лажниот сајт на кој води линкот речиси е идентичен на вистинскиот сајт на „Епл“, што значи дека постои голема шанса голем број сопственици на Ајфони да бидат измамени.
Доколку ги оставите податоци на лажниот сајт, тие потоа може да ги користат криминалци за извршување измами.