Големи промени на Viber: Ова сигурно ќе ви се допадне…

popara25 април, 20161min00
4

Откако WhatsApp додаде end-to-end енкрипција на својата платформа, најголемиот конкурент Viber одлучи, исто така, да ги прошири безбедносните опции.

Апликацијата која има повеќе од 711 милиони корисници, денес ја претстави новата енкрипција на пораки и повици, која вклучува групни допишувања до 200 корисници, како и опција „hide“ која се наоѓа веднаш покрај опцијата за бришење.

Компанијата најави дека ажурирањето ќе започне од денес. Новите безбедносни опции се однесуваат на Android, iOS, PC и Mac.

End-to-end енкрипција значи дека ниту провајдерот не може да пристапи до пораките ниту во еден момент.

Енкрипцијата на Viber ќе има неколку нивоа на безбедост, кои ќе бидат прикажани на десната страна на екранот во облик на катанчиња во различни бои.

Сивата боја ќе значи дека конверзацијата е целосно кодирана. Скриените допишувања ќе имаат и PIN код за пристап.

Но, можеби најинтересна е опцијата за криење на одредено допишување и заклучување на истото со четирицифрен PIN код.

Секако, за да ги добиете овие опции, потребно е да ја ажурирате апликацијата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag