Врската помеѓу славната манекенка Кејт Мос (42) и грофот Николај фон Бизмарк станува се посериозна и посериозна.
6 месеци по појавата на шпекулациите за нивната љубов, врската на парот станува сè постабилна, што можеме да забележиме на нивните заеднички фотографии од Бразил.
Љубовната двојка е фотографирана пред неколку дена во Сао Паоло, и според фотографиите премногу се среќни.
Аристократот, чие потекло е од славниот Ото фон Бизмарк, влезе во животот на модната ѕвезда по нејзиниот брак со Џејми Хинс, бурната врска со Пит Доерти и Џеферсон Хак со кого ја доби ќерката Лили Грејс.