Внуките на леди Дијана, Кити (25) и близначките Елиза и Амелија (23) своите биографии ги „испишуваат“ главно со провокативни фотографии на Инстаграм. Сите три се раскошни русокоси кои не го кријат своето потекло, ниту богатство, а редовно се видени на сите важни настани.
Девојките да се видат во првите редови на модните недели во Париз, Милано, Њујорк и Лондон, а често се и на Ибица, Сен Тропе, Фиренца, Капри и Мелбурн каде се забавуваат исклучиво со богати и моќни мажи.
Амелија непосредно пред венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон била уапсена откако со своето колено удрила во меѓуножјето едно несреќно момче додека чекала ред во ресторанот по луда вечерна забава. За среќа, обвинението било отфрлено во последен момент па Амелија сепак успеала да пристигне на кралската венчавка.
Девојките се ќерки на братот на леди Дијана Чарлс и на некогашниот супермодел Викторија Локвуд, а нивното детство го обележал разводот на родителите и проблемите со завиноста и анорексијата на нивната мајка.
Русокосите убавици завршиле најексклузивни приватни училишта, но засега не покажале интерес за професионален ангажман бидејќи немаат потреба за такво нешто ако се земе во предвид богатството на семејството Спенсер кое е тешко околу 100 милиони фунти.