Американската ријалити ѕвезда Клои Кардашијан (31) е позната по својата отвореност и искреност и не е ни чудно кога одлучила со своите обожаватели да ја сподели информацијата како ја изгубила својата невиност.
Таа открила дека својот прв бакнеж го доживеала на 13 години на семејниот одмор на Хаваите, а прваото скршено срце на 17-годишна возраст кога одела да го посети своето момче во Атланта, но тој никогаш не се појавил на аеродром.
Клои денес исто така нема многу среќа во љубовта, по пропаднатиот брак со кошаркарот Ламар Одом, таа беше во врска со кошаркарот Џејмс Харден, кој ја изневерувал.
– Не е смешка да се изгуби невиноста! Чудно е, и по малку страшно, те боли и не знаеш што ќе се случи. Имав 15 години и тој беше постар од мене. Не се сеќавам дали ме болеше, но се сеќавам дека едвај чекав да помине.
Дефинитивно не доживуваш оргазам за време на првиот сексуален однос. Не доживував оргазам првите неколку години. Не сум знаела какво е тоа чувство се додека не го доживеав , едноставно ми се допаѓаше интимниот аспект. Кога се случи, сама сфатив: „Значи тоа е тоа“ – објасни ризлити ѕвездата.