Стана ѕвезда на седум години а сега живее на психијатрија

popara30 април, 20161min00
7

Аманда Бинс стана ѕвезда во детските серии и филмови кога имаше само 7 години. Од 2012 таа константно има проблеми со законот, а по секој инцидент ја сместуваат во психијатриска клиника.

Крајот на 90-те Аманда беше ѕвезда во серијалите “All That” и “The Amanda Show”, а потоа од 2002 до 2006 глумеше во “What I Like About You”.

Глумеше и во неколку филмови како што се “What a Girl Wants”, “She’s the Man”, “Hairspray”, “Easy A”. Пред 4 години објави дека се повлекува и дека веќе нема да глуми.

Таа денес полни 30 години.

Пред 3 години одлучи да биде моден дизајнер и започна училиште за дизајн, но набрзо ја избркаа.

Апсена е многу пати поради тоа што возела алхохолизирана и дрогирана, но секој пат е осудена условно. И ја одземаа возачката дозвола, па продолжи да вози беа неа. Два пати чукнала луѓе со автомобилот и побегнала од местото.

При секој инцидент ја сместуваат во психијатриска клиника и таа секој пат кога ќе излезе прави нова глупост. Кога била уапсена, поради тоа што запалила оган на влезот од станот на непознат човек, испратена е на лечење.

Таа кога беше во болница преку Твитер го обвини татко и дека сексуално ја злоставувал додека била дете, а потоа објави дека во главата и е поставен микрочип кој ја натерал да го обвини татко и.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag