Кендал – Како и успеа да го освои модниот свет?

popara1 мај, 20161min00
10

Од спореден лик во реално шоу до кралица на модните писти, изминатата година помина во знакот на Кендал, Кој е рецептот за успех на кланот Кардашиан – Џенер? Што имаат овие сестри, а другите го немаат!

Кендал Џенер има само 20 години, а може да се пофали со десет милиони следбеници на Твитер и 17 милиони на Инстаграм. Кендал е ко-дизајнер на модните линии што ги води заедно со помалата сестра Кајли. За зет го има најпознатиот рапер на планетава, Канје Вест.

Од својата единаесета година е дел од кралството на реалните шоуа. Изминатата година Кендал ги прошета пистите во Њујорк, Лондон и Париз, збогатувајќи ја нејзината автобиографија со висока мода. Таа докажа дека бројката на следбеници на социјалните медиуми е круцијална за публицитетот и моќта.

Бескрајно долгите нозе, сјајниот тен, високите јаболкници, комбинирани со најзиниот одличен став, креираа уште еден генетски добитник. Кендал вешто се вклопи во тајфата на модели со став и стил.

Кендал одби да се потпре на врските што и стојат на располагање. Дури на одредени членови од семејството им забрани да присуствуваат на ревиите каде настапува.

Таа стаса до ова ниво благодарение на своите пропорции и убавината што ја поседува. Поради нејзиното семејство, таа требаше да работи тројно повеќе за да ја препознаат иако циниците мислат поинаку. Таа е една слатка девојка со фантастична работна етика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag