Личности со различни броеви во биоритамот подобро се сложуваат отколку оние коишто имаат исти броеви.
Причината е што на тој начин личностите подобро се надополнуваат и поедноставно ги надминуваат кризните и проблематични ситуации.
Биоритамскиот број го покажува нашето функционирање преку денот, го покажува тоа што ја придвижува нашата енергија и се она што не блокира. За овој број може да се каже дека не не дефинира како што тоа го прави личниот број, но ги покажува нашите секојдневни активности, навики и потреби. Со собирањето на вашиот и биоритмот на вашиот партнер ќе добиете одоговор како би се сложувале во секојдневниот живот и воопшто во љубовта.
Како да пресметате?
Пример:
Ваш датум на раѓање: 25.06
Датумот на вашиот партнер: 14.03
Формулата за собирање на биоритамот е собирање на денот и месецот на раѓање.
Вие: 2+5+6= 13, 1+3 = 4
Вашиот партнер/ка: 1+4+3 = 8
Синастријата на бројот на биоритамот се добива со едноставно собирање на вашиот и биоритичкиот број на партнерот.
4+8 = 12, 1+2 = 3
Откако ќе пресметате, пронајдете го вашиот заеднички број:
Број 1
Се рабботи за рационална врска која има потенцијал да опстане и на подолги патеки. Бројот 1 претставува сила и доколку партнерите се надополнуваат тоа значи дека тоа е успешна комбинација. Партнерите треба да внимаваат да не бидат ситничави и да не го оптоваруваат односот со ситници.
Број 2
Ова е врска во која едниот од партнерите ќе биде блокиран и искористуван против своја волја. Во оваа врска лидерот е секогаш избран. Во овој тип на врска подобро поминуваат партнерите кои имаат непарен биоритамски број, додека другата страна која има парен број извлекува финансиска корист од врската.
Број 3
Многу емотивна врска, полна со страст, љубов и сензибилитет. Тука партнерите ги исполнуваат своите емотивни очекувања. Тоа најчесто ја одржува врската и таа трае до крајот на животот.
Број 4
Се работи за тежок спој. Ова е многу подобра комбинација за професионална соработка. Во овој однос има многу препреки и тешкотии кои тешко можат да бидат надминати. Кога емоциите ќе ослабнат, доаѓа до меѓусебно обвинување, па потоа следува прекинување на врската.
Број 5
Успешен пар. Почнува и се развива како пријателски однос, со многу слобода за двата партнери. Овој број им дава големи можности, па доколку партнерите работат на односот – врската сигурно ќе опстои.
Број 6
Оваа врска е предодредена да заврши со брак, па може да биде функционална и успешна. Тука основата е семејството и ретко некој надвор од врската може да влијае на развојот на овој однос.
Број 7
Во оваа врска партнерите треба да имаат обзири еден кон друг. Врската може да биде духовно добра, но истовремено и тешка и напорна. Тешкотиите кои доаѓаат се во вид на посесивност, љубомора и недоверба. Тешко одржлива врска!
Број 8
Мирна и хармонична врска, но без големи страсти. Финансиски стабилен однос. Оваа врска е смирување за двата партнери. Кога ќе се случи привремено раскинување, секогаш доаѓа до обновување на врската.
Број 9
Ова е кармичка врска низ која мора да се помине. Партнерите морале да се сретнат и да се спојат на начин на којшто ќе поминат заедно одреден дел од животот. Најчесто ова се врски кои не траат засекогаш, туку доаѓаат како своевидни лекции низ кои треба да се помине и да се научи нешто ново.