Исповед: Мојот сопруг го начекав со мојата прва комшика, а денес таа стана…

popara28 април, 20161min00
1

Она што звучи како почеток на една сапуница, всушност е животот на Кетрин Мекги која до неодамна била во среќен брак со својот сопруг.

Секој ден, 37-годишната Кетрин Мекги го гледа својот сопруг Џон низ прозорецот како заминува на работа. Но, не е среќна поради тоа, туку тажна и бесна.

Бидејќи не ја бакнува неа на разделбата, туку додека излегува од нивната куќа, ја бакнува сосетката и поранешната најдобра пријателка на Кетрин, која живее точно спроти неа. За приказната да биде уште подраматична, сосетката е бремена со нејзиниот сопруг и двојката го очекува своето прво дете.

Цело време покрај Кетрин била нејзината најдобра пријателка и сосетка Лин.

– Секогаш се сметав за многу среќна личност што ги имав двајцата во својот живот, раскажала Кетрин.

Оваа жена не се посомневала за проблеми во нејзиниот брак до една вечер во февруари во 2014 година, кога сопругот се вратил од работа.

Дојде дома и изгледаше многу загрижено. Помислив дека е болен или дека нешто друго не е во ред. Кога го прашав што се случува, ми рече дека неговите чувства се промениле и дека сака да се отсели. Му реков да ми објасни зошто, но ништо не ми рече”, раскажала Кетрин, која неколку дена подоцна дознала дека е бремена со трето дете.

Бев под ужасен стрес бидејќи Џон не доаѓаше дома. Штом почувствував болка во стомакот, знаев дека бременоста е готова и дека го изгубив детето. Лин притоа беше прекрасна. Доаѓаше секоја вечер кај мене и не можеше да верува како се однесуваше Џон кон мене”, раскажала 37-годишната жена. Но, после неколку недели нејзината најдобра пријателка почнала да ја избегнува.

Подоцна, од други соседи слушнала дека Лин има брачни проблеми, па помислила дека поради тоа не и се јавува. Се  додека еден ден не го видела автомобилот на својот сопруг пред нејзината куќа.

– Не ми кажа каде живее, но претпоставив дека е кај некои пријатели. Но, кога видов дека автомобилот со часови стои пред нејзината куќа, не можев да престанам да плачам. Му се јавив на Џон и барав да ми каже што се случува. Ми рече дека се само пријатели. Меѓутоа, неколку недели подоцна, една пријателка ми кажа дека Џон ја одвел Лин на летување во Блекпул, раскажала несреќната жена.

Џон и Лин сега живеат заедно и го очекуваат своето прво дете, а Кетрин вели дека тој всушност ѝ недостасува. И додека Кетрин го лекува своето скршено срце, нејзиниот сопруг Џон вели дека се разделиле, бидејќи таа е алкохоличарка и депресивна, па поради тоа веќе не можел да живее со неа, но таа тоа го негира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag