Клер Дејнс на црвениот тепих со фустан како од бајките

popara5 мај, 20161min00
7

Американската актерка Клер Дејнс блесна на црвениот тепих на овогодинешната Мет Гала вечер облечена во фустан од бајките со потпис на дизајнерот Зак Посен. Таа исто така беше една од ретките, кои оваа година успеа да се држи до темата „Модата во време на технологијата“.

Триесет и шест годишната ѕвезда беше единствената која носеше тоалета слична на оние кои ги носат принцезите и која до израз доаѓа во мрак. Иако на црвениот тепих под многубројните рефлектори не можете да се забележи спојот на модата и технологијата, преточени во оваа врвна креација.

Клер на црвениот тепих пристигна во придружба на дизајнерот, кој само за неа дизајнираше тоалета во светло сина боја, налик на Пепелашка. Нејзината коса, која беше собрана во пунџа и црвениот кармин на усните, могумина ги потсети на Грејс Кели.

Импресивната тоалета која им ја осигура победничката титула за најдобар спој на модата и технологијата на најгламурозниот настан во Њујорк, својот полн ефект го постигна во тотален мрак, за што дизајнерот се пофали на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma