Најновите фотографии на Анџелина Џоли ги шокираа нејзините фанови

popara5 мај, 20162min00
14

Анџелина Џоли важеше за најубава жена на светот, но во последно време се почесто ги загрижува своите фанови со својот изглед…

Познатата американска актерка додека излегуваше од еден познат лондонски ресторан имаше многу малку шминка на себе, носеше широка облека, а косата и беше врзана во коњско опавче. Сепак, ни широкиот сив фустани, ни предимензионираната сива наметка не можеа да сокријат дека изгледа преслабо, изнемоштено, па дури и страшно!

Како што пишува „Radar Online“ познатата актерка на овие фотографии изгледа како да нема повеќе од 35 килограми, а токму таков податок неодамна објави и таблоидот „National Enquirer“ во кој пишуваше дека нејзиниот живот е загрозен.

Наводно, таа е тешко болна, а нејзиниот татко Џон Војт, со кого не комуницира со години, ја контактирал за да ја наговори да оди на лечење, но таа го игнорирала. Сепак, ова не е прв пат медиумите да пишуваат за можните здравствени проблеми на Анџелина, иако таа самата пред неколку години демантираше дека боледува од анорексија и самата истакна дека целиот живот била многу слаба.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma