Никој на венчавката не ја гледаше невестата, туку сите очи беа вперени во Кортни. Еве и зошто …

popara5 мај, 20161min00
16

Познатата риалити ѕвезда Кортни Кардашијан (37) изгледаше фантастично на една венчавка во Мајами на која имаше бројни познати личности.

Кортни за оваа пригода носеше атрактивен и по малку ризичен црн фустан од тантела кој многу малку остава на фантазијата. Таа во оваа провокативна креација со која покажа дека и покрај тоа што е мајка на три деца се уште се држи и дека е во совршена форма се појави на венчавката на Дејвид Грутман и Изабела Рангел.

Кортни проѕирниот фустан кој открива делови од телото го носеше во комбинација со елегантни црни сандали со дискретно ременче и мала црна чанта, додека нејзината шминка беше совршена како и секогаш, со нагласени црни очи и светол кармин на усните. Таа на венчавката се појави во друштво на нејзиниот пријател Џонатан Чебен бидејќи се уште е во лоши односи со бившиот партнер и таткото на нејзините три деца, Скот Дисик.

На венчавката се појави и нејзината сестра Ким Кардашијан и Канје Вест. Ким носеше тесен црн фустан кој го истакна нејзините облини, додека целата комбинација беше заокружена со елегантни сандали и долга црна наметка направена од преубава тантела.

Па, која од сестрите Кардашијан ви се допаѓа повеќе?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma