
Познатиот шпански бренд ја презентираше колекцијата венчаници 2017 на ревија во Барселона.
На модното шоу, главна ѕвезда повторно беше Ирина Шајк. Привлечната Русинка, исто како и минатата година, ја отвори и ја затвори невестинската ревија.
30-годишната девојка на Бредли Купер носеше три венчаници од колекцијата „Le Ciel“.

Луксузни ткаенини, префинета чипка и класични и сексапилни силуети доминираа во колекцијата, која беше претставена пред 2.000 гости.

На ревијата дефилираа повеќе славни манекенки меѓу кои и ангелите Екатерина Григориева и Џак Јагачак.
