Ирина Шајк и Бредли Купер не се појавија како пар на црвениот тепих на балот МЕТ, но по свеченоста, заедно продолжија да се забавуваат во Њујорк.
Славниот пар беше фотографиран кога се упатуваше во ноќниот клуб „Up & Down“ во Големото јаболко.
Додека 41-годишниот актер носеше одело од Том Форд, 30-годишниот модел го покажуваше својот сексапил во високи чизми од Живанши и креација инспирирана од долна облека.
На црвениот тепих на балот МЕТ, Шајк носеше проѕирна светлосина креација од Живанши.