Оваа диета спаѓа во брзи диети и пред да се зафатите со неа најдобро ќе биде да се консултирате со вашиот доктор. Диетата се заснова на здрави намирници, во главно овошје и зеленчук, и ќе ви помогне да го прочистите организмот и да го отстраните вишокот вода и наталожени штетни материи. Ако се придржувате на диетата ќе изгубите околу 5 килограми за една недела.
Ден 1: цел ден се јаде само овошје, освен банани, во количина колку сакте. Задржете се на јаболка, портокали, ананас и сл. и испијте 12 чаши вода.
Ден 2: цел ден се јаде само зеленчук. Денот можете да го започнете со варени компири, а потоа продолжувате со разни салати и зеленчук по избор (без додаток на масло и сол). Испијте 12 чаши вода.
Ден 3: овој ден се јаде овошје и зеленчук по избпр (освен банани и компири) и исто така треба да се испијат 12 чаши вода.
Ден 4: во текот на целиот ден треба да изедете 8 банани и да испиете 3 чаши млеко и 10 чаши вода. Можете да си направите и едноставна супа од зеленчук.
Ден 5: во текот на денот се јадат 6 домати, а за ручек се јаде и порција варен ориз. Можете да јадете и супа од зеленчук и некое лесно овошје како јаболка, портокали или цитрони. Не заборавете да испиете барем 10 чаши вода.
Ден 6: една порција варен ориз, барем 3 порции супа од зеленчук и најмалку 10 чаши вода.
Ден 7: порција варен ориз, супа од зеленчук, природни овошни сокови, салата од зеленчук и најмалку 10 чаши вода.