
Кина се обидува да придобие млади генерации за својата војска кои пораснале со компјутерски игри и воени филмови, па така снимила контроверзно промотивно видео кое потсетува на брутална видео игра.
Пропагандното видео, кое е објавено на кинеското министерство за одбрана преполно е со експлозии, проектили, снајпери и борбени авиони, а во позадина се слуша рап музика и агресивна лирика „само чекам наредба убиј, убиј, убиј.“