Џенифер Лопез се бори за излегување на жените од сенката на мажите низ различните децении во спотот за „Ain’t Your Mama“.
46-годишната ѕвезда влегува во улогата на домаќинка од 50-тите години, секретарка од 60-тите години инспирирана од серијата „Mad Men“, работничка во фабрика од 70-тите години, бизнис дама од 80-тите години и модерна жена која не им се потчинува на мажите и е решена да стави крај на родовата нееднаквост.
За групниот танц на крајот на видеото, Лопез носи високи чизми дизајнирани од Ријана и Маноло Бланик.
„Ain’t Your Mama“ е сингл од деветтиот албум на Лопез кој ќе биде објавен годинава.