Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Дневната температура ќе се движи од 17 до 26 степени.
Во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево и релативно со умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално ќе има појава на невреме со град.
Во петок и в сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од југозападен правец.