Престолнина на луксузот или град на иднината – Дубаи

popara10 мај, 20164min00
14

Некогашното мало градче кое живеело од риболов и лов на школки, низ годините се разви како најатрактивна туристичка дестинација. Денес, луксузот и раскошот можат да се почувствуваат од самото пристигнување во градот, преку безбројните раскошни хотели, големите шопинг центри кои го оставаат човека без здив, осветлените улици, луксузните авотмобили, куќи и вили како од бајките.

Како и останатите светски градови, по примерот на Њујорк, Лондон, Дубаи е мултикултурен, со луѓе од целиот свет што живеат таму. Модата, гастрономијата, вработувањето и се останато функционира во рутината на типичниот метрополитски лајфстајл. Службен јазик е арапскиот, но на англиски се зборува и пишува секаде.

Слободно може да се каже во однос на архитектурата овој град е футуристички. Самите облакодери се доказ за восхитувачката иновативност – од модерниот дизајн, преку имитацијата на старата архитектура, па се до раскошниот ентериер во разните локали што се доказ дека Дубаи е навистина понапреден од западниот свет во многу елементи.

Особено импресионирачки се познатите острови со палми – вештачки изградените острови на приферијата од Персискиот залив, каде што се наоѓаат некои од најексклузивните хотели и вили во светот. Целиот концепт на оваа вештачка креација е навистина фасцинантен.

Во останатите многубројни атракции се издвојува и Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот со величествен поглед на градскиот хоризонт од 124от кат. Пред зградата се наоѓа фантастичната фонтана, чиј водопад го прати ритамот од класична до современа арапска и светска музика.

Со својот изглед восхитува и марината на Дубаи, урбана, модерна и елегантна со прекрасни шеталишта и поглед на укотвени бродови и јахти, опкружена со модерни облакодери.

Дубаи претставува гурмански рај, тоа е место каде што може да се проба се. Во секој ланец за брза храна кој се наоѓа и во САД, тука може да се најдат сие светски кујни. Една од работите која задолжително треба да се најде на вашата листа е и петочкиот brunch. Секој ресторан во Дубаи во петок нуди branch, кој полнува некаде околу ручек и завршува во 4 попладне, каде за пристојна цена ќе најдете обилна храна која сигурно претходно не сте ја консумирале.

Во Дубаи, забавата некогаш не недостасува, од ноќни или дневни забави на базени до забави во шопинг центрите каде што може да се сретне се што ќе се посака. Таму може да пазарите додека не паднете од умор, бидејќи ќе ги најдете сите врвни светски брендови и бутици на познати дизајнери. Меѓу најпознатите центри се вбројува Dubai Mall, каде што може да се види прекрасниот аквариум и огромното лизгалиште.

Покрај Бројните плажи, вредни да се посетат се и плажите во Дубаи кои се распостранети долж патот Џумеира. Всушност тоа е една долга плажа поделена со хотели и приватни клубови проширена со по некоја јавна плажа.