Чиста хемија и страст! Ова се 12те најдобри хороскопски комбинации

popara11 мај, 20161min00
9

Овен и Водолија

Кога се заедно, овие знакци фантастично се забавуваат. Водолијат и Овенот имаат ист авантуристички дух, така нивниот спој е совршен како и во креветот, така и надвор од него. Уживаат во истражување и испробување на нови работи, особено ако тоа го прават како тим. Додека некои други комбинации можат да се заситат едни од други, Водолијата и Овенот својата врска ја одржуваат јака и интересна.

Бик и Рак

Припадниците на овие хороскопски знаци во потполност се разбираат! Кога ќе се најдат во романтична врска, за многу краток период физички и емотивно се поврзуваат. И едниот и другиот знак умеат да го ценат својот партнер, па врската ја градат со леснотии и уживање.

Близнаци и Водолија

Кога се во близина едни со други овие два знака можат да создадат чувство како да се знаат со години. Креативност и луди идеи се карактеристични за Водолиите, како и за Близнаците, па така во врска нив никогаш не би им било досадно. Иако уживаат во времето кое го поминуваат заедно, понекогаш сакаат да бидат и сами со цел да почувствуваат потреба од својот партнер. Водолијата и Близнаците не се грижат за мислењето на другите луѓе. Поради таа причина максимално ќе уживаат во секој момент поминат во друштво на партнерот. Овие два знака имаат многу јака врска, безразлика дали е таа љубовна, пријателска или деловна.

Рак и Риба

Помеѓу нив владее космичка конекција. Овие водени знаци се многу емотивни и се грижат за своите најблиски. Се чини дека секој, без исклучок, кој ќе се најде во нивно друштво се чувствува пријатно. Спојот од овие два знака е тешко да се раздели, дури и речиси невозможно.

Лав и Стрелец

Нивото на страсти е високо кога е во прашање врската помеѓу овие две огнени знаци. Таа нивна страст се гледа како помеѓу односот со партнерот, така и во исполнувањето на животните желби. Многу се харизматични и рефлектираат чудна енергија поради што сите сакаат да бидат во нивно друштво.

Вага и Бик

Главната доблест на овие два знака е искреноста, па така помеѓу нив никогаш нема да постојат лаги и неверство. Многу му се посветени на партнерот што помага во запознавањето и на најситните детали на својата подобра половина.

Девица и Близнаци

Кај овие два знака, интелигенцијата игра пресудна улога во заведувањето. Исто така поседуваат огромна доза на почитување на партнерите што ги прави овие два знака идеалнен спој. Уживаат во мирна средина, дружење со пријателите, во запознавање на нови работи и сензуални допири.

Шкорпија и Рак

Шкорпијата и Ракот се хранат со љубовта и страста на својот партнер. Шкорпијата важи за најстраствен знак, а ракот за најемотивен, така јасно е зошто овие два знака се совршена комбинација. Што се однесува до сексот, овие знаци се родени да бидат заедно.

Стрелец и Овен

Ентузијазам и голема количина на енергија владее во оваа комбинација. Иако постои верување дека спротивностите се привлекуваат, овие два знака се скоро идентични и сепак претставуваат еден од најдобрите хороскопски парови. Многу се силни и никој не може да ги предомисли во врска со она што го наумиле.

Јарец и Бик

Постои причина поради која помеѓу овие знаци владее неопишана привлечност. И јарецот и бикот поседуваат нешто што сите други можат само да сонуваат да го имаат, а тоа е бескрајна љубов. Создадената љубов од овие два хороскопски знаци може да трае веќно и во неа навистина да се ужива до последен здив.

Риба и Шкорпија

Припадниците на овие знаци не се плашат да ја покажат својата романтична страна. Врската помеѓу Риба и Рак е засновава на длабока конекција и пријателство пред се. Љубовта се раѓа несвесно, но може да трае до крајот на животот.

Девица и Риба
Девицата и Рибата претставуваат љубовен спој на спротивни знаци во зодијакот кои покажуваат како спротивностите во љубовта силно се привлекуваат. Оние во знакот Риба можат да најдат безбедно засолниште и цврста поддршка која им е потребна во Девицата, а од друга страна Девицата на Рибата може да е долови магична љубов како во бајките.