500 дена не конзумирал алкохол: Неверојатно е колку неговиот изглед се променил

popara12 мај, 20161min00
2

Imgur корисник кој се потпишува како „Meatteo“ во понеделникот се пофали дека 500 дена не конзумирал алкохол.

Како што објаснил, ова му помогнало да изгуби голем број килограми, а истовремено да му се обнови неговата кожа и нејзината боја.

Момчето не напишало колку често конзумирало алкохол пред апстиненцијата.

– Трезен сум околу 500 дена. Изгубив толку килограми што мојата сопруга се сомнева дека нешто не е во ред со моето здравје. Имено, не е работата само во пивото. Проблемот е и во храната која ја внесувате во себе, напишал „Meatteo“ и истакнал дека потребно е да се слушаат советите на експертите.