12 работи кои се полоши од неверство

popara13 мај, 20161min00
3

Изневерувањето е дефинитивно брз и едноставен начин за да си ја уништите врската. Сепак, постојат и други работи кои на почетокот се мали и незабележливи, но се поопасни и полека, но сигурно ви ја разоруваат врската.

Лажете и криете работи од вашиот партнер

Дури и да го правите тоа од љубов или за да ги заштитите неговите чувства, криењето мали работи што сте ги направиле може да прерасне во голем проблем и да предизвика проблеми со довербата кои ја уништуваат врската. Треба да можете да му кажете сè на вашиот партнер. Ако криете нешто од него затоа што тоа би го повредило, не ни требало да го направите тоа на прво место.

Се воздржувате од покажување љубов или внимание

Можеби сметате дека овие работи се за романтичните и емотивците, но поставувањето прашања за важни нешта и меѓусебното помагање за да пребродите некоја ситуација се од исклучителна важност. Ако сте отустни и ладни можете да предизвикате сомнеж во врската кој најчесто е непоправлив.

Собирате тивко незадоволство

Додека да го искажете незадоволството, штетата е веќе направена. Започнува тивко, но со текот на времето станува големо, па затоа може да предизвика и голема штета.

Недостаток на комуникација

Ова не значи дека не си праќате пораки цело време, туку дека не успевате да разговарате за работи кои ви пречат кога ќе се појават, или вообичаено изоставувате детали кои мислите дека можат да предизвикаат проблеми. Сето ова се собира и на крајот се открива, но дотогаш веќе е неподносливо.

Тврдоглави сте кога сè не е по ваше

Ова е само уште еден начин за да кажете дека одбивате компромис. Ако го сакате партнерот, треба да бидете подготвени за компромис. Оние коишто не можат да се справат со работите ако одат на друг начин (а тоа не е нивниот начин) всушност се во врска со самите себе.

Се расправате за секојдневните обврски и задолженија

Можеби ви се чини дека расправијата за кој да го изнесе ѓубрето не е ништо, но таа може да стане огромен проблем ако се повторува со текот на времето, а уште полошо, може да стане поттик за поголеми и посериозни аргументи попатно.

Презирање

Ако го навредувате партнерот, значи дека сакате да бидете поголеми или помоќни од него, а нерамноправноста е последното нешто што го сакате во долга и здрава врска. Презирањето е полошо од изневерувањето затоа што ја намалува самодовербата, па дури и откако врската ќе заврши, штетата е присутна.

Останувате во врска поради комфор

Без разлика дали е затоа што не сакате да ја разочарате вашата фамилија, или затоа што сте купиле билети за концерт што е за шест месеци, да останете заедно со некој само затоа што „така треба“ води до огорченост, расправии и скршено срце. Подобро е да ја прекинете врската, но да останете во пријателски односи.

Манипулација

Манипулацијата е незгодна затоа што често е толку суптилна, што не сфаќате дека го манипулирате вашиот партнер (или тој ве манипулира вас) сè додека не е предоцна. Манипулацијата предизвикува постепено губење на самодовербата, а потоа е потребно многу време за повторно да се изгради.

Љубомора

Дури и без неверство, сомневањето дека тоа може да се случи во секој момент е многу, многу полошо.

Презентирате лажна верзија на себеси на почетокот

Ова може да биде нешто мало, како на пример да речете дека обожавате хорор филмови, а всушност ги мразите, или нешто многу големо, како на пример да речете дека не сакате ништо сериозно, кога всушност сакате. Најдобро е да бидете искрени од самиот почеток, затоа што овие мали работи можат да станат огромни причини за крај во иднина.

Останувате заедно затоа што сте зависни еден од друг

Не сакате да бидете сингл, па иако нема хемија помеѓу вас, останувате заедно за да не бидете сами.