Што да носите со кожено моторџиско палто?

popara15 мај, 20163min00
7

Како повеќе да изгледате како кул девојка, а помалку како пејачот на “Kiss”? Следете ги овие седум правила, а гратис добивате пет работи кои треба да ги одбегнувате.

Долго време шетавте по продавници, ги разгледавте вашите опции, ги споредивте цените. Дури и се мислевте дали да купите едно во пастелна боја, но на крај се одлучивте за класична црна. Ја најдовте совршената должина и стил, па сега можностите за различни комбинации се бескрајни. Но, линијата помеѓу шик и „хардкор бајкерски“ изглед е многу тенка. За да не ја преминете, следете ги овие седум правила, а прескокнете ги последните пет.

Што можете да носите со вашето кожено палто?

  • Припиена маичка. Особено ако маичката е во риги, ќе изгледате како да сте од Париз. Коженото палто инстантно го искачува ова кежуал парче за степен погоре.
  • Било каков вид на тексас. Фармерки со висок струк, ѕвонарки, „цевка“ фармерки, искинати широки фармерки, тексас фустани – изборот е ваш.
  • Кошула. Белата кошула со копчиња ќе изгледа одлично со вашите омилени тесни панталони или фармерки. Додадете црвен кармин и спремни сте за журка после работа!
  • Фустан без ракави. Преку глава ви е од џемперчиња, а мора да изгледате пристојно за на работа? Облечете кожено палто со вашите фустани без ракави. Заокружете го изгледот со црни хулахопки и чизми до глужд.
  • Припиено „молив“ здолниште. Ставете ја гореспоменатата кошула во вашето омилено припиено здолниште и додадете гломазно моторџиско палто. Оваа и претходната комбинација се одлични и за на работното место.
  • Макси фустан. Играјте си со должините. Краткото кожено палто совршено се вклопува со долг макси фустан, па ќе изгледате бохо и шик.
  • Било какви смели дезени. Дадете им нова димензија на веќе познатите дезени, како карирано, со точки, риги итн.

Што не треба да носите со вашето кожено палто?

  • Здолниште со тул. Можеби оваа комбинација беше популарна во 2013 година, но не е повеќе. Ако сепак сакате да носите нешто волуменозно, одберете широки панталони до колена.
  • Моторџиски чизми. Оваа комбинација изгледа премногу „гранџ“ (наместо лежерниот, но модерен изглед кој сакате да го постигнете). Наместо ова, одберете чизми до глужд или бели патики.
  • Кожа во друга боја. Вообичаено, комбинирањето различни бои е едно од правилата кои можат да се прекршат. Но, коженото палто бара целосен и континуиран изглед, па комбинирајте го со чевли и чанта во истата боја.
  • Кратки панталони. Носете го вашето кожено палто како дама. И запаметете: Искинатите широки фармерки се најдалеку што можете да отидете.
  • Комбинезон или нешто што е претерано модерно. Веќе имате едно парче облека кое ќе биде водечко во комбинацијата. Оставете го палтото да биде главната атракција, а останатите парчиња што ги носите нека ви бидат едноставни. Чувајте го комбинезонот за друга прилика.

Доза инспирација:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma