
People ја прогласи Џенифер Анистон за најубавата жена на светот за 2016 година. Списанието го откри својот избор вчера, придружен со насловната страница која ја краси насмеаната актерка.

47-годишната актерка, која е позната по својот природен режим за убавина и интензивна фитнес рутина, победи помеѓу силната конкуренција од Рис Витерспун, Софиа Вергара, Селена Гомез, Кери Андервуд, Кристина Милиан и други.
Зборувајќи за списанието, таа изјави: „Интересно е како доживеав брза транзиција – порано воопшто не се грижев за своето тело, а сега морам многу да внимавам на храната која ја внесувам. И како спијам и како се грижам за себеси. Можеш да се извлечеш со многу работи во своите дваесетти.“

Ова не е првата титула за поранешната ѕвезда на „Пријатели“. Првпат ја доби пред 12 години, кога имаше 35. Анистон, која е во брак со актерот Џастин Теру, успеа повторно да се искачи на врвот со водење поголема грижа за себеси низ годините.

Анистон – која има портфолио на хит филмови, покрај нејзината десетгодишна улога на Рејчел Грин во „Пријатели“ – смета дека нејзината победа се должи на нејзиниот стар агент, кој еднаш и рекол дека не можела да добие улога во ниеден филм затоа што била дебелка. „Си мислев дека не знае што зборува. Но мојата исхрана беше ужасна. Милкшејкови и помфрит со сос. Беше добро што започнав да посветувам повеќе внимание,“ додаде таа.