Шминката може да ви ја зголеми самодовербата и да ви ги истакне прекрасните црти на лицето, но само ако знаете правилно да ја искористите.
Ако претерате со пудрата или исцртувањето на усните, многу лесно може да постигнете спротивен ефект од саканиот и да изгледате барем 5 години постаро.
Ова се 10-те најчести грешки кои прават да изгледате постаро. Променете ги на време:
1. Нанесувате пудра многу потемна од бојата на кожата.
2. Ставате дебел слој маскара на долните трепки.
3. Одбирате кармин кој не ви одговара на тенот.
4. Ставате премногу темна сенка низ целиот очен капак.
5. Го исцртувате внатрешниот дел од очите со црно моливче.
6. Ставате руменило или бронзер на јаболкниците наместо на образите.
7. Претерувате со исцртување и пополнување на веѓите.
8. Заборавате да ставите коректор на подочниците.
9. Ги исцртувате усните со моливче кое драстично се разликува од природната боја.
10. Користите премногу камена пудра и го криете природниот сјај на кожата.