Некои мажи навистина не се добри во вербално искажување на своите чувства, но ако ги набљудувате и анализирате работите што ги прави, како и неговото однесување, можете да откриете многу работи. За неговите чувства највеќе зборува однесувањето додека води љубов.
Романтичар
Доколку вашиот партнер постојано се труди да ве маѓепса со подготвување на романтични вечери, тогаш вие сте среќничка. Мажот кој знае да направи таква атмосфера знае и што точно ве возбудува. Тој е емотивен и од него можете да очекувате многу внимание и мазење. А доколку сакате повеќе возбудувања со него, тогаш самите морате да преземете иницијатива.
Обожава да ве бакнува
Ако вашиот партнер ужива во бакнување и постојано ве бакнува, тоа значи дека сака да се чувствувате посакувана и сака да пробуди страст кај вас. Исто така тоа може да значи и дека по малку е несигурен и нервозен, затоа што не знае како да ве задоволи.
Конвенционален секс
Доколку вашиот партнер повеќе сака „нормален секс“, тоа значи дека е верен и дека е личност на којшто можете да се потпрете. Тој воглавно ја сака мисионерската поза или сака да е одозгора за да можете поедноставно да воспоставите контакт со очите и да ги споите усните. Едноставно ставете ги вашите раце на неговите колкови и водете го. Доколку сакате озбилна и стабилна врска, тој е вашиот вистински избор.
Контакт со очи
Мажите не сакаат предигра, нежни допири или контакт со очите со жени за кои не им е грижа. Ако вашиот партнер ве гледа во очи додека имате однос или ви се смешка, тоа значи дека имате многу повеќе од физичка врска.
Поза во која жената ја има контролата
Жената над него е глетка која секогаш го забавува и раѓа уште поголема сласт и страст, но заради тоа истовремено е и замислен и внимателен. Мажот кој ја сака таа поза сака да и пружи на партнерката што поголемо задоволство. Немојте да се срамите – уживајте.
Заштитник
Мажот кој сака да е свртен кон партнерката за време на спиењето и ја држи во прегратка е маж кој се однесува заштитнички и кој сака интимност. Тој е самоуверен, но помалку и посесивен.
Спиење на другиот крај од креветот
Доколку партнерот за време на ноќта се одделува од вас, веројатно настојува да се оддели и физички и емотивно, затоа што најверојатно има страв од сериозни врски. Исто така, тоа може да значи и дека сака „простор“ или дека едноставно не е сигурен со која брзина сакате да напредува врската.
Спие во положба на фетус
Машките кои спијат во оваа положба се ранливи и чувствителни. Доколку го држи јастукот додека спие тоа значи дека е несигурен и дека му е потребна гаранција дека чувствата ќе му бидат возвратени пред да се впушти во сериозна врска.
Спие на стомак
Мажот кој спие на стомак е полн со страст и енергија. Има силна волја и ја знае својата цел. Прекривање на креветот со своето тело е негов начин да го контролира просторот на кој спие. Тој е успешен и сигурен во се што прави.