Американската Агенција за напредни одбранбени истражувања (DARPA) развива подводни капсули кои во голема мера би можеле да го променат војувањето на море.
Капсулите би биле поставени на дното на океанот каде би можеле да останат со месеци, чекајќи активација.
Кога тоа ќе се случи, капсулата излегува на површина и од неа излегува дрон или ракета која ќе биде лансирана кон непријателот.
Вакви капсули би можеле да се користат за надгледување, помош во комуникација, но и за поморска војна, пишува Дејли Мејл.