Емили пред една година се регистрирала на овој сајт, каде под лажно име, но со вистински фотографии сакала да запознае спонзор.
После неколку месеци допишување, Емили го запознала 44-годишниот мулти-милионер. Со него се забавува веќе шест месеци, но вели дека не е заљубена.
Цело тоа време, дупло постариот спонзор ја плаќал на неделно ниво и ѝ купувал дизајнерски подароци. „Ми купува „Џими Чу“ чевли, облека од „Диор“, фустани и накит. Толку многу се грижи за мене што дури ми купи и тренерки за вежбање, iPod, нов телефон, звучници за соба, постелнина. Прекрасен е “, раскажала Емили за Daily Mail.
„Никогаш никој не ме третирал така, ми приреди роденденска забава на која не се ни појави, а ништо не ми бараше за возврат“, рекла таа.
Сепак, Емили вели дека таквата врска не е воопшто лесна и дека бара одрекувања – од неа се барала целосна дискреција, да се држи на дистанца, да внимава на однесувањето и секогаш да биде максимално љубезна.
Она што е најинтересно е што Емили тврди дека за овие шест месеци ниеднаш не спиела со својот спонзор, затоа што не била подготвена. Сепак, признава дека отишле подалеку од платонска пријателска врска.
„Тој сакаше нешто повеќе, но јас не бев подготвена. Се бакнавме. Уште сме во рана фаза од врската“.
И покрај тоа што нејзината врска се заснова на придружба на спонзорот, кој за тоа ѝ дава финансиска и материјална компеназција, таа инсистира на тоа да не ја нарекуваат проститутка.
„Тоа е договорна врска, јас не го продавам своето тело, но знам дека луѓето ќе ме етикетираат, такво е општеството“, заклучила младата девојка.