Овој знак не знае како да се носи со животот, ниту како да биде во врска без солзи и секојдневни драматични ситуации, дури и тогаш кога тоа не е потребно. Се работи за меланхоличниот Рак.
Припадниците на овој знак често немаат сила да се соочаат со животот, а уште помалку со болката која ја носат во себе. Кога ќе ги стигне некоја несреќа, Раковите креваат раце од сѐ и трагично изјавуваат „Нека биде што ќе биде“. Сепак, кога се работи за емотивна врска, тие знаат цврсто да се „фатат“ за својот партнер и по никоја цена да не се пуштаат.
Емотивниот Рак често знае да плаче, па оттука очекувајте повици полни со патетика и приказни од типот „Никогаш повеќе нема да љубам“. Ако на Раковите им дозволите да се зазборат, во еден момент ќе почнат да ги набројуваат сите случаи кога сте ги навредиле или повредиле, а според нив тоа се случувало премногу често.