Џенифер Стано Дејвид се омажила за 17 години постариот милиардер Алкивијадес Дејвид или наследникот на компанијата Кока Кола. Неговото богатство се проценува на 1,9 милиарди долари и е сопственик на бројни недвижнини, како и телевизиски и радио станици.
Нејзиниот живот е остварување на сонот за многу девојки, а таа редовно објавува делови од нејзиното секојдневие на Инстаграм каде има половина милион следбеници. За неа ова е прв брак, а за него трет. Минатата година таа го роди своето прво дете Никола.
Често не осудуваат поради големата разлика во години, но Алки е мојот најдобар пријател, мојата сродна душа…тој е моето се! – вели таа за својот сопруг милиардер.