Неприродно високите температури за ова доба од годината, освен главоболка и поспаност, со себе носат бројни вирози проследени со воспаление на синусите, кашлање, како и слабеење на целокупниот имунитет.
Сакате на природен и здрав начин да го зајакнете телото и да ги победите настинките и вирозите со едноставен и вкусен рецепт од вашата кујна? Тогаш ова е за вас..
СОСТОЈКИ:
6 лимони
1 чешне лук
2 лажици ѓумбир во прав
2 лажици мед
3 лажици сок од ананас
1/4 лажица лута пиперка во прав
ПОДГОТОВКА:
1. Во сад за блендер исцедете ги сите шест лимони
2. Додајте ги сите останати состојки и добро измиксајте додека не добиете изедначена течност
3. Содржината ставете ја во стаклен сад и ставете ја во фрижидер
4. Секој ден пијте од напивката додека симптомите на вироза не исчезнат во целост.