![14](https://popara.mk/wp-content/uploads/2016/05/14-9.jpg)
Џесика Алба мамеше воздишки со шик изглед на доделувањето на Billboard Music Awards. На розовиот тепих во Лас Вегас, славната актерка се појави во краток фустан од Зухаир Мурад и ги насочи објективите на фотографите кон себе.
Креацијата од либанскиот дизајнер 35-годишната холивудска ѕвезда ја искомбинира со чизми до над колена од Стјуарт Вајцман и накит од Картие.