Банката по грешка и уплатила 4,6 милиони долари, а таа ги „опустошила“ продавницита!

popara25 мај, 20161min00
6

Кристин Џиаксин Ли (21) доживеала вистинско изненадување кога на својата банкарска сметка видела 4,6 милиони долари, кои на грешка и ги префрлила локалната банка.

Наместо да ја пријави грешката и да ги врати парите, Кристин одлучила да оди во шопинг, па така потрошила речиси три милиони долари на брендирани чанти и чевли, пред банката да го забележи пропустот. Банката ја направила оваа грешка уште во 2012 година, но се` до 2015 не можела да добие судски налог за враќање на парите.

Дотогаш, оваа малезиска студентка во Австралија станала горда сопственичка на брендирана облека. На истражувачите им било потребно време за да ги сортираат сите работи, да ги фотографираат, за потоа да ги однесат во банката со цел да си ги поврати парите.

Според извештаите, Кристин само во еден ден потрошила 220 илјади долари во една продавница во Сиднеј.

Оваа студентка е уапсена на лет за Европа, а на суд рекла дека мислела оти родителите и испратиле пари, бидејќи се сопственици на ресторан во Малезија. Кога истражувачите ја прашале колку пари и останале, таа рекла дека има само уште четири илјади долари во кеш.

– Мојата мајка ќе дојде во јуни со чек и ќе ви ги врати парите. Тие знаат што направив и не се премногу задоволни од моите постапки, рекла студентката.

Банката успеала да врати 1,5 милиони долари, кои Кристин се обидела да ги сокрие на својата Paypal сметка, но остатокот ќе мора да го надохнади дополнително.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag