Во 2015-та Бијонсе се појави на Мет Галата во последен момент, во гол Живанши фустан обложен со кристали и совршено високо опавче. Индиа Рос е средношколката која сакала да биде Бијонсе на еден ден, па одбрала да го ископира овој нејзин изглед за матурската вечер.
Нејзиното опавче е подеднакво совршено, баш како и позите кои очигледно ги има усовршено.
Фустанот на Рос е изработка на локален дизајнер, а како што секогаш луѓето имаат негативен коментар, така овојпат фустанот „не беше доволно Бијонсе за нив“.
Рос на Инстаграм имаше добар коментар на таа тема:„Да го разјасниме фактот што луѓето мислат дека негативните коментари ќе ме уништат – не мислам дека сум Бијонсе, туку таа е моја инспирација. Мислам дека некој е збунет со значењето на зборот инспирација. Само затоа што таа има Живанши фустан, не значи дека и јас треба да имам фустан вреден милиони. Сепак мислам дека изгледам проклето добро во мојот евтин Живанши фустан.“