Ако некогаш се чувствувате дека нема да успеете само заради некои ваши карактеристики кои ги сметате за пречки во вашето постоење, тогаш дозволете инспиративната приказна на момчето кое е потполно глуво, а го освојува светот, да допре до вашето срце.
Иако многумина предвидуваа дека неговата пречка да ја слушне музиката, бргу ќе го исфрли од танцовиот подиумот, сепак Најл ДиМарко со огромна помош на неговата партнерка, инаку професионалната танчарка Пета Мургатројд, успеа да ги освои срцата на гледачите и судиите за да на крај го освои трофеојт на оваа спектакуларна сезона на американското шоу, танц со ѕвездите.
Од недела во недела Најл покажуваше бестрашност, покажуваше посветеност, дури и играше со превез на очите, но најважно од сѐ покажуваше дека кога човек ќе намисли и ќе посака да оствари нешто, тогаш ништо на овој свет не може да го запре.
Тој исто така ја побуди свеста за тоа колку е важно да ги почитуваме луѓето кои се различни од нас, а беше вистински амбасадор на сите луѓе кои имаат проблеми со слухот или потполно го изгубиле слухот, инспирирајќи и мотивирајќи со секое негово појавување.
Она што е фасцинантно е фактот дека сите членови на неговата фамилија се глуви уште од нивното раѓање, но сепак кога го прашаа во едно интервју дали би го променил тоа, тој решително изговори „Дури и да можев да бирам, повторно би избрал да бидам глув”.
Неговото појавување во оваа сезона ќе биде запаметено по феноменалните танци кои ги прикажа и можеби како што велат многумина технички не беше најдобриот танчар, но сепак секое негово појавување на сцената имаше посебна искра која го задржуваше сечие внимание и носеше посебна топлина пропратена со солзи во сечија душа.
Ако се уште се прашувате дали можете да успеете во животот, погледнете ги феноменалните настапи на ова младо момче кое најпрво беше победник во шоуто „Американски топ модел”, а сега го освојува и „Танц со ѕвездите”.