Учењето на нови работи за себе и луѓето околу вас, секогаш е интересно и забавно, посебно кога станува збор за разбирање на психологијата која стои зад нашето однесување и изразување.
Неколку интересни психолошки факти кои ќе ви помогнат подобро да се разберете себе и луѓето околу вас:
1. Секое пријателство кое се основало помеѓу 16 и 28 години има поголеми шанси да биде долготрајно.
2. Жените преферираат мажи со длабоки гласови бидејќи изгледаат како да се посамоуверени и неагресивни.
3. Луѓето кои даваат најдобри совети се оние со најмногу проблеми во животот.
4. Колку е поинтелигентна личноста, побрзо размислува и има понеуреден ракопис.
5. Нашите емоции не влијаат на тоа како комуницираме. Спротивно, начинот на кој комуницираме, влијае на нашите емоции.
6. Начинот на кој една личност се однесува со угостителски работници може да открие многу за карактерот.
7. Луѓето кои имаат посилно изразена грижа на совест многу подобро можат да ги разберат туѓите мисли и емоции.
8. Мажите не се посмешни од жените – само кажуваат повеќе шеги без да се грижат за тоа дали на некого му се допаѓа нивниот хумор или не.
9. Срамежливите луѓе не сакаат да зборуваат за себе, но сакаат да направат другите да се чувствуваат како добро да ги познаваат.
10. Жените имаат дупло повеќе рецептори за болка од мажите, но имаат поголема толеранција на истата.
11. Слушањето на музика со висока фреквенција може да ве смири, релаксира и да ве направи посреќни.
12. Ако не можете да престанете да размислувате навечер, станете, запишете ги мислите кои ви се вртат во глава и полесно ќе заспиете.
13. Утринските и вечерните пораки го активираат оној дел од мозокот кој е одговорен за среќата.
14. Ако правите работи кои ве плашат, на крајот од денот ќе се чувствувате посреќни.
15. Просечното време во кое една жена може да чува тајна е 47 часа и 15 минути.
16. Луѓето кои се обидуваат сите да ги направат среќни, се најосамени.
17. Колку сме посреќни, толку помалку ни се спие.
18. Кога држите рака на некој што го сакате, поотпорни сте на болка и помалку се грижите.
19. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели. Колку сте попаметни, толку сте поселективни со луѓето со кои се дружите.
20. Бракот со најблискиот пријател ја намалува шансата за развод до 70%.
21. Жените кои имаат повеќе мажи за пријатели, почесто се во добро расположение.
22. Луѓето кои зборуваат два јазици, свесно можат да ја променат својата личност, односно начинот на кој се однесуваат.
23. Самотијата е подеднакво штетна како да сте испушиле 15 цигари во еден ден.
24. Патувањата го намалуваат ризикот од болести и срцев удар.
25. Луѓето изгледаат поатрактивни кога зборуваат за работи кои навистина ги интересираат.