Среќата не значи отсуство на проблемите, туку способност да се соочите со нив!

popara1 јуни, 20161min00
00 copy

Среќата не значи отсуство на проблемите, туку способност да се соочите со нив. Замислете како некои прекрасни работи кои вашиот ум би можел да ги прифати кога не би бил толку насочен на борбата со проблемите.

Секогаш гледајте на она што го имате, наместо на она што сте го изгубиле. Не е важно што ви одзел животот, туку што сте направиле со она што ви останало.

Треба да знаете неколку работи на кои ќе се сетите кога сè ќе тргне наопаку:

Болката е дел од процесот на растење

Понекогаш животот ви затвора некоја врата, бидејќи е потребно да продолжите напред. Тоа е добро, бидејќи често не сакаме да се поместиме додека околностите не нè принудат на тоа. Кога доаѓаат тешки времиња, сетете се дека ниедна болка не доаѓа без цел. Тргнете се од тоа што ве боли, но никогаш не заборавајте на што ве научило. Само затоа што се борите не значи дека сте неуспешни. Секој голем успех бара одреден вид добра борба за да дојдеме до него. За добрите работи е потребно време. Бидете трпеливи и позитивни. Сè ќе си дојде на свое место, ако не веднаш, тогаш кога ќе дојде вистинското време.

Постојат два вида на болка – онаа која ве боли и онаа која ве менува. Не им се спротивставувајте, бидејќи и двете ќе ве научат како се расте.

Сè во животот е минливо

Секојпат кога паѓа дожд, по некое време престанува. Секојпат кога нешто ве боли, се лекувате. По темнината доаѓа светлина. Секое утро нè потсетува на тоа, но често забораваме и наместо тоа веруваме дека ноќта ќе трае вечно. Ништо на овој свет не трае вечно.

Затоа, ако во моментов сè ви е во ред, уживајте во тоа. Нема да трае вечно. Но и ако сè ви тргне наопаку, не се грижете бидејќи и тоа нема да трае вечно. Само затоа што животот моментално не ви е лесен, не значи дека не може да се смеете. Секој момент ви носи нов почеток и нов крај. Секоја секунда добивате добивате втора шанса. Само треба да прифатите и да го направите најдоброто што можете.

Загриженоста и паниката не менува ништо

Оние кои се навикнати да паничат постигнуваат најмалку. Секогаш е добро да се обидете да направите нешто големо и да не успеете, отколку да не се обидете ништо и во тоа да успеете. Не е завршено ако сте изгубиле, завршено е кога не работите ништо и поради тоа паничите. Ако верувате во нешто, продолжете да се обидувате. Не дозволувајте некои сенки од минатото да ве измачуваат и во иднина. Она што ви се случило нека ве научи на нешто кое ќе ве предупредува во животот. Направете промена и не се вртете назад. Без оглед на тоа што ви се случило, сетете се дека вистинската среќа почнува кога ќе престанете да се жалите на своите проблеми и ќе почнете да бидете благодарни за проблемите кои ги немате.

Вашите лузни се симбол на вашата сила

Не се срамете од лузните кои ви ги нанел животот. Лузните значат дека болката престанала и дека раната е затворена. Тоа значи дека сте ја надминале болката, сте ја научиле лекцијата и сте станале посилни за да продолжите напред. Не дозволувајте лузните да ве натераат да живеете во страв. Не можете да ги избришете, но може да го промените начинот на кој ги гледате. На лузните гледајте како на знаци кои покажуваат дека нешто во животот сте победиле, сте се ослободиле или сте научиле.

 

Секоја борба е чекор напред

Во животот, трпението не е само чекање, туку способност да го задржите добриот став додека тешко ги остварувате своите соништа, знаејќи дека целта е вредна за тоа. Затоа, ако се решите да пробате, вложете време и одете до крај. Во спротивно нема смисла да почнувате. Тоа може да значи дека некое време во животот ќе ја изгубите стабилноста и удобноста,може да значи многу жртви и осаменост, но ќе добиете и доволно простор. Сето тоа е тест за вашата одлучност, ако нешто навистина сакате.

Негативноста на другите луѓе не е ваш проблем

Бидете позитивни колку и да ве опкружува негативност. Смејте се дури и кога другите се обидуваат да ве растажат. Тоа е лесен начин на кој можете да го задржите својот ентузијазам и фокус. Никогаш не дозволувајте туѓата огорченост да ве промени. Никогаш не ги сфаќајте работите лично. Луѓето ретко прават работи заради вас. Секогаш тоа го прават првенствено за себе.

Над сè, немојте никогаш да се менувате за да импресионирате некого кој смета дека не сте доволно добри. Може да се менувате само ако таа промена вас ве прави подобра личност или ви носи подобра иднина. Луѓето ќе ве озборуваат без разлика на сè. Затоа погрижете се за себе, а не за она што го мислат другите. Ако во нешто верувате мора и да се борите за тоа. Правете го она што ве прави среќни и ви носи насмевка на лицето.

На крајот, сè ќе биде како што треба да биде

Вистинската сила доаѓа кога имате толку многу причини за плачење и жалење, но наместо тоа одбирате насмевка и го цените својот живот. Не може со сила да предизвикате да ви се случат некои работи. Може да полудите од обидување, но во моментот кога ќе се ослободите, ќе се случи она што треба да се случи. Да го сакате својот живот значи дека верувате во сопствената интуиција, да ризикувате, да изгубите и да учите од искуството. Живејте свесно и уживајте во она што ви го носи животот. Можеби нема да завршите како што сте планирале, но на крајот ќе бидете таму каде што треба да бидете.

Најдоброто што може да го направите е да продолжите понатаму

Не се плашете да станете и да застанете на своите нозе. Не се плашете повторно да сакате. Не дозволувајте пукнатините во вашето срце да се претворат во скаменети лузни. Пронајдете храброст да се чувствувате поинаку, а сепак да ви биде убаво. Пронајдете во себе желба за и другите да ги насмеете. Бидете силни и кога работите ќе тргнат наопаку. Забележете кога не сте во право и научете нешто од тоа. Не се држете премногу цврсто за вашата замисла за животот. Сеќавајте се на малите работи и на тоа како ве гледаат оние кои искрено ве сакаат.

Најважно е да продолжите да бидете она што сте. Продолжете да растете и да се движите напред.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag