Несреќа во среќа: Со украдени пари купиле среќка и добиле милион долари

popara3 јуни, 20161min00
1

Пар од Соединетите Американски Држави учествувал во кражба на 175.000 долари од продавницата во која работеле.

Со украдените пари во истата продавница купиле среќка и освоиле повеќе од милион долари.

Џоан Лечлеитнер (51) и нејзиниот вереник Тери Титус (54), двајцата од Титусвил од САД се обвинети дека со уште двајца вработени, извршиле кражба во продавницата Agway во Кресон.

Полицијата соопшти дека обвинетите од истата продавница краделе пари од мај 2011 до март 2016 година. Дел од украдените пари притоа ги користеле за да купуваат среќки на кои освоиле повеќе од милион долари.

Четворката, како што наведува полицијата, ја поделила наградата од 1.047.618 долари и наградата од 261.904 долари.

Првото судење во овој случај ќе биде одржано на 5 јули.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag