Крај на врската на Џиџи и Зејн!

popara5 јуни, 20161min00
4

По Тејлор Свифт и Калвин Харис, сега и пејачот Зејн Малик и неговата девојка супермодел, Џиџи Хадид официјално ја прекинаа 7-месечната врска.

Претходно бевме навикнати да ги гледаме среќни и заљубени на фотосесија за списанието Вог.

dzidzi-hadid-i-zejn-malik-ja-prekinaa-7-mesecnata-vrska-2.jpg

Па на Мет Галата.

dzidzi-hadid-i-zejn-malik-ja-prekinaa-7-mesecnata-vrska-1.jpg

Близок извор на двојката тврди дека во последно време често се расправале, дури и за роденденот на Џиџи.

„И за време на нејзиниот роденден се расправаа“ – изјавил изворот.

Но, расправиите и недоразбирањата не биле чудни за нив, тие и претходно раскинале, но по краток период се смириле.

Незадоволството и тагата Џиџи ги покажа на Snapchat со две фотки – на едната со шешир потенцира дека е неразположена, а на другата како да сака да му каже на Зејн: „Знам дека е очигледно, ама те сакам“.

dzidzi-hadid-i-zejn-malik-ja-prekinaa-7-mesecnata-vrska-3.jpg

Фановите се надеваат дека брзо ќе ги решат недоразбирањата и повторно ќе се смират.

„Зејн и Џиџи навистина раскинаа, но може и да се смират. Ништо не е јасно, не се знае што се случува помеѓу двајцата“ – тврди дури и изворот.