
Индија во изминатава фискална година, која заврши на 31 март, забележала економски раст од 7,6 отсто, а во последново тромесечие 7,9 отсто.
Со тоа, Индија го задржа статусот голема економија со најголем раст во светот.
Индиската централна статистичка канцеларија соопшти дека новите податоци се во склад со предвидувањата од февруари.
Растот на економија во претходната фискална година изнесувал 7,2 отсто.