
Луѓето не можат да живеат без Земјата, но затоа таа може без нас. Кога човечката раса одеднаш би исчезнала, нашата планета многу брзо би се прилагодила и би се опоравила од човечките активности.
Првите неколку месеци би било критично бидејќи, поради неодржувањето, би се распаднале сите човечки творби. Нуклеарните електрани би експлодирале, градбите би се срушиле, а природата повторно би го зела она што и припаѓа.
За 10.000 години речиси сите траги од нашето постоење би исчезнале, но ако Земјата ја преземе друг интелигентен вид, за неколку милиони години можеби и не би знаеле дека луѓето некогаш постоеле.