Оваа цена е апсолутен рекорд и ја надмина цената на авио-билетот за релацијата Њујорк – Мумбаи која што чинеше 66,630 евра. На купувачите на овој билет ќе им биде ставен на располагање трособен апартман во Airbus A380-800.
Апартманот “The Residence” е првиот трособен апартман на еден комерцијален лет и со тоа му помогна на компанијата “Etihad Airways” да освои бројни награди за патување со прва класа. Апартманот со вкупна површина од 12 квадратни метри се наоѓа на горната страна на авионот А380 и во него можат да се сместат еден или двајца патници.
Во „дневната соба“ има 32-инчен ЛЦД телевизор, кожна софа и две трпезариски маси. Патницие кои ќе престојуваат во “The Residence” ги служи специјален батлер и ќе можат да ги пробаат сите „врвни оброци“ кои ги приготвуваат готвачите.
Од малиот ходник се влегува во спалната соба во која што има голем брачен кревет со италијанска постелнина, а на ѕидот има фиксиран уште еден 27-инчен ЛЦД телевизор. Секако, патниците на располагање имаат и тоалет и туш кабина, огледало за шминкање и фен за коса.
Во цената на авио-билетот е вклучен превоз до аеродромот со луксузен автомобил, приватно чекирање и секако пристап до приватен салон и соби за чекање.