Можете ли да замислите човек да се вари жив во огромен лонец? Иако оваа казна не била толку честа, но секако е еден од побруталните начини на погубување.
Археолозите пронашле сварени човечки коски, како и срца стари околу 500.000 години, но сè уште не е јасно какво злосторство предизвикало ваква казна. Во Англија во 1.500-тите години ова било легален метод за казнување, а жртвата би влегла во врелата вода, масло или катран, а осудениците по 10 минути не давале знаци на живот.
Овој метод бил еден од најужасните облици на погубување, со оглед на тоа дека подразбирал долго патење на обвинетите. Се практикувал од 4. век пред новата ера, најмногу во Картагена, кај Персијците и Римјаните.
Осуденикот бил врзан или закован за дрвен крст и оставан да виси, а таа глетка често им служела на другите како предупредување да не го повторуваат неговото злосторство.
Понекогаш, на осуденикот му се наредувало да носи крст тежок помеѓу 40 и 60 килограми на своите раменици до местото за извршување на казната. За да ги понижат дополнително, осудениците често на крстот биле целосно голи. Постојат докази дека слични казнувања се извршувале и во текот на Првата и Втората светска војна, за злосторства како дезертерство или предавство.
Кој е виновен, ќе му се одере кожата
Еден од најмалку цивилизираните начини за мачење и погубување е овој метод од средниот век. При овој метод, со нож се отстранувале сите големи делови на кожа од живи затвореници, кои потоа умирале од инфекција, или отсекувањето на главата го дочекувале како спас.
Најчесто така се казнувале криминалци, заробени војници и таканаречени вештерки пред околу 1.000 години на просторите од Блискиот исток. Жртвата била одерувана, а нејзината кожа оставана на јавно место.
Ова е еден од најтешките облици за казнување во човековата историја, а така се казнувале крадци и прељубници. Се изведувало на тој начин што на жртвите им се отстранувале неколку или речиси сите витални органи еден по еден, а најчесто од стомакот.
Се практикувале во Англија, Холандија, Белгија и Јапонија. Во Јапонија, ова станало и ритуален начин на самоубиство кај самураите.
Тркалото на Катарина, било позната направа за погубување во средниот век, а се користела до крајот на 19. век.
Овој вид на мачење настанал во стара Грција, но се користел во цела Европа, така што жртвата се врзувала за дрвено тркало со раширени нозе. Потоа со метални токмаци им се кршеле коските на осудениците додека тркалото се вртело. Жртвата била жива, но целосно “скршена”, а понекогаш крвникот задавал удар во гради или стомак, што се нарекувало “удар за милост”.
Овој облик на брутално погубување го практикувале Римјаните, Кинезите, Грците и Турците во средниот век.
Поради големата количина на бруталност, таквата казна ретко се изрекувала – жртвата била пробиена на шилест дрвен стап од ректумот до устата, предизвикувајќи бројни внатрешни крвавења и болна смрт.
Овој метод за погубување бил чест во јужна и југоисточна Азија пред 4.000 години. Исто така, го користеле и Римјаните, а осуденикот го врзувале за земјата, а еден или неколку слонови оделе преку него.
Во други случаи, наместо слонови, за извршување на казната се користеле големи камени блокови кои предизвикувале смрт со гушење.