Во март БМВ прослави 100 години од своето постоење и по тој повод, за 2016-та година приреди низа на изненадувања.
Најновото изненадување се однесува на лимитирано производство на 13 примероци на M6 Celebration Edition Competition кои ќе бидат подготвени за јапонскиот пазар.
Овој М6 модел е еден од шесте специјални изданија на моделите од гамата со која германскиот производител на автомобили ќе го прослави 100-тиот роденден и во однос на стандардните модели, секако дека доаѓа со низа на подобрувања.
Кога е надворешниот изглед во прашање, пред се тука се деловите изработени од карбон, како на пример задниот спојлер, а тука се и 20-инчните тркала кои му даваат посебен изглед на автомобилот. Во внатрешноста доминира црната мерино кожа, за звукот се имаат погрижено Bang and Olufsen со 16 звучници и сила од 1,200 W, но сепак, најинтересниот „момент“ се крие под хаубата.
Имено, специјалната верзија на М6 доаѓа со 4,4-литарски V8 битурбо мотор со 600 коњски сили и 7-степенски менувач. Обртниот момент е подигнат на 700 Nm, а блокадата за максимална брзина од 250 километри на час е отстранета.
Овој Celebration Edition Competition M6 модел може да развие 305 километри на час, а од 0 до „стотка“ забрзува за 3,9 секунди што претставува подобрување во однос на основниот модел за 0.3 секунди.
Сите овие подобрувања, секако, директно влијаат и на конечната цена на Celebration Edition Competition M6 која што порасна за околу 45 илјади евра, па овие специјални 13 примероци ќе се продаваат со цена од околу 190 илјади евра.