Мексиканец застанал на ѕид за да се одмори. Весело зборувал, додека голем јагуар од 90 килограми се шетал низ тревата зад него. Одеднаш големата мачка скокнала врз него, но не за да го нападне, туку за да го бакне.
Едуардо Серио е активист и сопственик на фондација која се занимава со заштита на големи мачки.
На снимката јасно се гледа како изгледа неговиот работен ден, односно разменување нежности со животни.
https://www.youtube.com/watch?v=QGf5_ncDerk