Островот Кокомо Ајленд е луксузна резиденција која се одржува сама на вода благодарејки на полупотоплива платформа и истовремено овозможува содржини за врвно уживање.
Компанијата Миголо, која пред се се занимава со производство на јахти-подморници, во својата понуда има и уште една занимливост а тоа е остров кој плута за вистински љубители на луксузот.
Островот Кокомо Ајленд е автономен објект кој може да плови со брзина од само осум чворови ( околу 14 километри на час ) што и не е чудно кога ќе се заме во обѕир дека е долг 117 метри и дека конструкцијата во височина изнесува 79,85 метри над површината на морето, а се очекува островот кој плута воглавно ќе бидат усидрен на некоја постојана локација.
Компанијата Мигало им овозможува на купувачите да ја одберат големината и обликот на островот исто така и самата внатрешна содржина кој ќе биде негов составен дел, се зависи колку купувачот е спремен да плати.
Во самата понуда од компанијата се базени, палуби, спа содржини, хелиодром, водопади, надворешно кино, па дури и одел за хранење на морските кучиња! Потоа, тука е и градината како и подводниот салон за јадење.
Компанијата неодамна го презентираше планот за Кокомо Ајленд островот на Monaco Yacht Show каде бројни богати потенцијални купувачи покажале заинтересираност за овој луксузен остров.
Изумителите на Кокомо Ајленд сметаат дека во иднина ваквиот луксузен начин на живот на море ќе стане тренд, но засигурно сметаат и на купувачите кој овој луксузен остров ќе го изберат за свое истакнување во светот на богатите.