Двајца вратари кои работат во зградата каде живеел Џони Деп заедно со Амбер Херд, тврдат дека ја виделе непосредно по наводниот напад и дека лицето и изгледало совршено чисто.
Веднаш откако низ медиумите се проширија фотографиите од претепаната Амбер, светот се поделил. Постојат оние кои ѝ веруваат на актерката, но и оние кои не можат да поверуваат дека омилениот актер Џони Деп би направил такво нешто. Во негова одбрана застанале и неговите претходни партнерки, а во целиот случај Деп не сакал да се обрати на јавноста.
Сега од негова страна се и вработените во зградата во која тој и Амбер живееле. Двајца вратари изјавиле дека деновите по наводниот напад, не забележале никакви модринки на лицето на Амбер. Вратарот од зградата тврди дека ја видел два дена по нападот и изјавил дека таа немала никаква шминка на своето лице така што на неа не забележал ништо невообичаено. “Сакав да и дадам комплимент за нејзиниот чист тен”, додал вратарот. TMZ пишува дека и другиот вратар ги потврдил зборовите на својот соработник.
Двата вратари наводно ќе бидат сведоци во корист на Деп, но и со судењето поврзано со забраната за доближување. Имено, Амбер побарала од судот Џони Деп да изрече забрана за пристап, но и тој да плаќа алиментација по разводот. Да се потсетиме, Џони и Амбер се во брак 15 месеци.